Во средиштето на нејзиното излагање беше Збирката на накит и предмети за лично украсување. Преку толкувањето на предметите од збирката, Брешовска зборуваше за научната и стручната работа зад витрината. Нејзиното излагање „Зад витрината: Видливост на невидливата музејска работа преку интерпретација на музејските предмети“ беше дел од меѓународната конференција „Дебати во музеологијата 7“, која се одржа на 19 и 20 ноември во Националниот етнографски музеј во Софија.
Балканската музејска мрежа посредуваше за учеството на Брешовска, а организаторите го прифатија нејзиниот авторски апстракт. Настапот ѝ даде можност да ја претстави работата на битолскиот музеј пред колеги од други земји и со нив да размени искуства.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.