Собрани околу масата, учениците лупеа банани и подготвуваа овошје за напитокот. Од училиштето велат дека осмоодделенците се дружеле и добро соработувале додека работеле заедно.
Активноста „Здрав почеток на денот – смути за енергија“ беше дел од општествено-хуманитарната програма на училиштето. Ја водеа одделенските раководители Тамара Митриќевска, Соња Лекоска, Елена Петков, Нина Трајковска и Кристина Ташевска.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.