Фотографија објавена на јавниот профил на ООУ Ѓорѓи Сугарев — Битола
Часот по историја и општество се одржа во Општина Битола.
Учениците поставуваа прашања за локалната власт.
Четвртоодделенците од ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ вчера имаа час по историја и општество во Општина Битола. Темата беше локалната власт, а учениците имаа можност за неа да прашуваат на самото место.
Наместо во училишните клупи, учениците седнаа зад полукружните маси во општинската сала. На средбата поставуваа прашања за локалната власт, а од училиштето велат дека децата покажале голема љубопитност.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.