Фотографија објавена на јавниот профил на Студентски дом Кочо Рацин — Битола
Обновата е дел од проектот за енергетски ефикасни студентски домови.
Во обиколката учествуваа и лицата што ќе ги надгледуваат работите.
Вчерашниот увид во студентскиот дом „Кочо Рацин“ во Битола е еден од последните чекори пред да почне неговото темелно реновирање. Обновата е дел од проектот за енергетски ефикасни студентски домови.
Раководството го обиколи домот заедно со претставници на Министерството за образование и наука и со лицата што ќе ги надгледуваат работите. Преостанатите обврски се довршуваат за реновирањето да почне без одлагање. Целта на раководството е студентите да имаат достојни услови за живот во домот.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.