Коњановски наведува дека се сретнал со претседателот на Општина Будва.
Размениле мислења за поблиско поврзување и соработка во повеќе области, според објавата.
Посебно внимание било посветено на иницијативата за збратимување на двата града.
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски се сретнал со претседателот на Општина Будва Никола Јовановиќ за време на посетата на Црна Гора на 29 септември, според објава на Коњановски.
Во објавата Коњановски наведува дека двајцата размениле искуства и мислења за можностите за поблиско поврзување на Будва и Битола и за соработка во повеќе области.
Посебно внимание, според објавата, било посветено на иницијативата за збратимување на двата града.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.