Фотографија објавена на јавниот профил на ОК ВМРО ДПМНЕ-Битола
Јована Спасеноска е в.д. претседателка на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.
Одлуката е донесена на седница на Извршниот комитет на УМС.
Спасеноска е членка на комитетот и советничка во Советот на Битола.
Јована Спасеноска е поставена за в.д. претседателка на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Битола на седница на Извршниот комитет на организацијата, соопшти Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.
Спасеноска е членка на Извршниот комитет на УМС и советничка во Советот на општина Битола.
Во објавата, партискиот комитет ѝ честиташе и изрази уверување во нејзината посветеност на младинските прашања, политики и акции за поголемо присуство на младите на позиции каде што се носат одлуки. Ја опиша и како пример за младински активизам.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.