На промоцијата на машината, директорот на „Нискоградба“, Зоран Талевски, кажал дека претпријатието вложува во осовременување на возниот парк и покрај тешката енергетска криза. На настанот присуствувале претседателот на Советот, Бојан Бојкоски, и директорите на другите јавни претпријатија.
Според објавата на Општина Битола, вкупната вредност од околу 6.000.000 денари се однесува на новата машина и заменетите надградби на две товарни возила „RENO Master“.
„Нискоградба“ добила и машина за миење возила од фирмата „СИНПЕКС“ како подарок, бидејќи е 100-тиот купувач на „HIDROMEK“. Општината наведува дека новата машина ќе ја зголеми ефикасноста во работењето, а подарокот ќе придонесе за поголема хигиена на механизацијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.