Церемонијата се одржала во рамките на претседавањето на Црна Гора со Берлинскиот процес за 2026 година и го означила официјалниот почеток на партнерството меѓу индустриските паркови и зони од Западен Балкан и ЕУ.
Партнерството треба да создаде можности за соработка и деловно поврзување на индустриските зони од регионот со зони во земјите на ЕУ, како и да го поддржи преносот на еколошки одржливи практики во нивното работење.
Иницијативата се спроведува во рамките на Берлинскиот процес и придонесува кон Акцискиот план за заедничкиот регионален пазар за 2025–2028 година, усвоен од лидерите на земјите од Западен Балкан. Според објавата, таа треба да ја зајакне регионалната економска интеграција, да ја подобри конкурентноста и постепено да го усогласи регионот со правилата и стандардите на ЕУ, како чекор кон подлабока интеграција во Единствениот пазар на Унијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.