Настанот беше дел од програмата „Unified Schools“ (Обединети училишта), а во неговото организирање соработуваа основните училишта „Даме Груев“ и „Коле Канински“ и Специјална олимпијада Битола.
Од медицинското училиште ја поврзаа поддршката за ваквите иницијативи со промовирањето хуманост, солидарност, прифаќање и еднакви можности за сите. Според училиштето, спортот помага во надминувањето на бариерите меѓу луѓето.
Заедничкиот настан беше заокружен со потпишување меморандуми за соработка.
Меморандумите ги потпишаа Специјална олимпијада Битола и основните училишта „Даме Груев“ и „Коле Канински“. Потоа децата заедно со волонтерите учествуваа во спортски игри, а на крајот секое дете доби кошаркарска топка.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.