Фотографија од настанот · Bitola in my heart — Битола
Пензионирани професори добија плакети на 65-годишниот јубилеј на факултетот.
Вработените ги пречекаа во шпалир во знак на почит.
Пензионирани професори на Техничкиот факултет во Битола добија плакети за особен придонес во неговиот развој и работа на свечената академија по повод 65 години од постоењето на факултетот.
Признанието беше проследено и со пречек од вработените, кои застанаа во шпалир за да ги поздрават пензионираните колеги и да им оддадат почит за долгогодишната посветеност.
Меѓу професорите на кои им беа доделени плакети имаше и неколкумина од електротехничкиот отсек.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.