Најважно
Битола 1°
Најважно
Редакција: Битола.мкИспрати тема

Мени на Битола.мк

Редакција:Битола.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

На средба во Битола најавено пуштање 12 километри од автопатот Прилеп–Битола во 2027 година

Извор на фотографијата: Општина Битола
Извор на фотографијата: Општина Битола
  • Пуштање во сообраќај на делница долга 12 километри е најавено за 2027 година.
  • До крајот на 2028 година се планира да бидат асфалтирани вкупно 28 километри.
  • Најавени се саеми за вработување во Битола и Прилеп.

Претставници на „Бехтел и Енка“ на средба со раководството на Општина Битола најавиле дека делница долга 12 километри од автопатот Прилеп–Битола ќе биде пуштена во сообраќај во 2027 година.

Според презентираната динамика, во 2027 година ќе се работи и на делницата пред Битола, а до крајот на 2028 година вкупно ќе бидат асфалтирани 28 километри автопат. Преостанатиот дел кон Прилеп ќе биде ставен во функција последен, откако ќе се решат прашањата со експропријацијата и преместувањето на постојната инфраструктура.

На средбата беа најавени и саеми за вработување во Битола и Прилеп за ангажирање лица за потребите на проектот.

Динамиката на изградбата ја претставија новиот проектен менаџер на „Бехтел и Енка“, Ашвин Рао, заменик-раководителот Џанберк Атилла и менаџерот за одржливост Винсент Нугареде. Со нив се сретнаа градоначалникот Тони Коњановски и претседателот на Советот, Бојан Бојкоски. Присуствуваше и Венцо Шишкин, помошник-раководител на секторот за економски развој на Општина Битола.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.