Фотографија од настанот · НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски„-Битола
Децата сами изработија новогодишни пакетчиња со производи од Тримакс.
Во изработката им помагаа воспитувачките и негователките од градинката.
Децата од градинката „Естреја Овадија Мара“ во Битола денес сами си изработија новогодишни пакетчиња на првата новогодишна креативна работилница, организирана во соработка со битолската Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и Тримакс ДОО Скопје.
За изработката користеа производи од Тримакс. Според библиотеката, секое пакетче добило личен печат, а децата со насмевки го покажале задоволството од сопствената изработка.
Во работилницата им помагаа воспитувачките и негователките од градинката. Поддршка даде и директорката Весна Лозановска, на која библиотеката ѝ се заблагодари за гостопримството.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.