За медицинска и лабораториска опрема се предложени 10 милиони денари, со кои се предвидуваат повторно воспоставување на спермограм и воведување на АМХ-анализата. Уште 2,5 милиони денари се бараат за нов ехографски апарат во Службата за нуклеарна медицина.
Левица го образложува барањето со потребата пациентите од Битола и регионот да имаат достапна дијагностика и лекување, наместо да бидат принудени да ги бараат во други градови. Партијата оценува дека болницата мора итно да ги добие потребните услови и опрема и критикува институционална негрижа кон пациентите.
Од Левица ги повикаа пратениците од сите политички партии да ги поддржат и изгласаат амандманите, порачувајќи дека здравјето на битолчани и на пациентите од регионот мора да биде над партиските суети.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.