Училиштето го посвети засадувањето на животот, растот и грижата за здрава иднина. Покрај оваа акција, учениците учествуваа во едукативни и креативни работилници и интерактивни активности за физичкото и менталното здравје.
Работилниците ги опфатија превенцијата и здравите животни навики, но и важноста на отворениот разговор и навременото барање поддршка. Целта беше учениците да ги прошират знаењата за овие аспекти на грижата за здравјето.
Медицинското училиште со активностите настојува да ја негува здравствената култура, да ги надминува стереотипите и да поттикнува одговорност кон сопственото здравје и здравјето на другите. „Грижата за здравјето е знак на сила, а не на слабост!“, порачаа од училиштето.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.