Учениците претставија идеи и визии за подобра локална заедница преку „LAPSI“ – Активни локални платформи за социјални иновации. Проектот го реализира Институтот ОХРИД за економски стратегии и меѓународни односи во соработка со Општина Битола.
Првопласираниот проект „Се за Битола“ е на четворица ученици од „Таки Даскало“: Андреј Јошев и Јаков Калајџиевски од „IV-10“, како и Илијана Најдовска и Аурора Де Ангелис од „IV-9“.
Второто место го освои „SmartPark BT“, зад кој стои тим од две училишта. Во него се Матеа Драгарска и Илина Ристевска од „IV-9“ во „Таки Даскало“ и Даниела Гашовска од „IV-2“ во СОУ „Јане Сандански“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.