Во работилницата „Празнични пакетчиња и книга подарена од срце“ учествуваа првачињата од I-а одделение, кои на крајот добија пригодни подароци. Учениците секојдневно ги користат збирките од „Тримакс“.
Работилницата се одржа во соработка со Тримакс ДОО Скопје, а учениците на пакетчињата им дадоа свој личен печат. Од библиотеката велат дека децата со гордост си ги покажувале изработките.
Во работилницата со поддршка и помош се вклучи наставничката Лилјана Јошевска Филевска. Библиотеката ѝ се заблагодари и на директорката Емилија Николовска Спировски за приемот во училиштето.
Од средбата библиотеката доби и донирана книга, која ќе им биде достапна на нејзините читатели.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.