Тимот предлага платформа што со помош на вештачка интелигенција би претворала текстуален опис или фотографија во тридимензионален модел подготвен за печатење. Корисникот би можел да го опише предметот со неколку зборови или да испрати фотографија.
Идејата опфаќа создавање и проверка на 3Д-моделот, подготовка за печатење, како и организирање на изработката и испораката. Предвидено е заштитено плаќање преку посебна сметка во Халкбанк, со ослободување на средствата откако ќе се потврди дека производот е успешно испечатен.
Во тимот се Јован Тасевски од ДСУ-РЦСОО „Ѓорѓи Наумов“, Симона Матлијовска, Руби Михаилов и Петар Кондовски од СОЕУ „Јане Сандански“ од Битола, како и Михаил Малденовски од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ од Скопје. Натпреварот го организира „Brainster Next“.
Од „Ѓорѓи Наумов“ ги повикаа учениците, наставниците, родителите, поранешните ученици и пријателите на училиштето да го поддржат тимот со гласање и споделување на повикот. Поддршка може да се даде преку страницата за гласање за „Модел Д“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.