Во проектот, „Democracy Lab“ спроведе обуки за новинари и претставници на Куманово, Боговиње, Гази Баба, Штип, Битола, Струмица, Струга и Градот Скопје. Обуките имаа цел да поттикнат транспарентност и отчетност во локалните заедници.
Улогата на локалното истражувачко новинарство во јавниот надзор врз работата на општините беше тема и на настанот „Истражувај локално за поголема транспарентност, отчетност и јавен надзор“, организиран од „Democracy Lab“ и Националниот демократски институт (НДИ) во Скопје. Новинари, претставници на локалната самоуправа, експерти и проектни партнери разговараа за придонесот на ова новинарство кон транспарентноста и отчетноста на општините.
„Заедници со интегритет“ го спроведува НДИ во Македонија со финансиска поддршка од владите на Швајцарија и Шведска.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.