Авторка на изложбата е Наде Геневска Брачиќ, етнолог и кустос-советник во битолскиот музеј. Меѓу костимите што ги фотографирал Круме Димовски има и долги фустани во светли и темни бои.
Поставката остана во Кратово и по фестивалот „Балканско наследство од 19 век“, кој се одржа од 23 до 25 октомври. На тркалезна маса и на работилница Геневска Брачиќ зборуваше за културно-историските особености на битолската градска облека од тој период.
По првото претставување во Културно-информативниот центар во Софија, изложбата гостуваше во уште неколку бугарски градови, во Полска, Албанија и Босна и Херцеговина, како и во повеќе градови во Македонија. За битолскиот музеј, интересот на публиката и по две децении е потврда за трајната вредност на збирката и за важноста таа да се изложува.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.