Фотографија објавена на јавниот профил на Царинска управа
На Ќафасан и Меџитлија се запленети вкупно 470 производи во вредност од околу 149.000 денари.
Стоката е откриена при контроли на патнички возила на влез во Македонија.
Цариниците од Битола спречија два обида за шверц на граничните премини Ќафасан и Меџитлија. Вкупната вредност на запленетата стока во двата случаја е околу 149.000 денари.
Цариниците ја открија непријавената стока при детални контроли на патнички возила на влез во Македонија.
Во едниот случај пронајдоа вкупно 352 козметички производи и средства за лична хигиена, а во другиот – козметика и додатоци во исхраната од марката „Nicer“. Против сторителите се поведени постапки.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.