Учесниците носеа розови балони и пренесуваа пораки за здравје, грижа и солидарност.
Активноста се реализираше во рамките на проектот „Спорт без насилство – Младински форум за фер-плеј“.
На 7 октомври во Битола се одржа прошетката „Движи се за себе! – Розов ден за здравје, сила и поддршка“, организирана од Општина Битола и Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“. Библиотеката беше партнер на активноста.
Прошетката тргна од Саат-кулата, продолжи по Широк Сокак и заврши во Градскиот парк со кратко симболично вежбање. Учесниците носеа розови балони и пренесуваа пораки за здравје, грижа и солидарност.
Активноста се реализираше во рамките на проектот „Спорт без насилство – Младински форум за фер-плеј“. Беше посветена на пораката на Розов октомври за превенција, здрави навики и меѓусебна поддршка.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.