Најважно
Битола 1°
Најважно
Редакција: Битола.мкИспрати тема

Мени на Битола.мк

Редакција:Битола.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

„Повик“ на АТО Центар од Битола ќе се игра во Сули ан во Скопје

Фотографија од настанот · ATO
Фотографија од настанот · ATO
  • „Повик“ е продукција на АТО Центар од Битола, по текст и во режија на Јован Ристовски.
  • Изведбата во Сули ан во Скопје е на 26 ноември од 20 часот, со бесплатен влез.
  • Центарот за култура во Битола обезбедува логистичка поддршка во соработка со Музејот во Битола.

Психолошката трагикомедија „Повик“ на АТО Центар од Битола ќе се игра во четврток, на 26 ноември, од 20 часот, во Ателјето на уметници при Факултетот за ликовни уметности во Сули ан во Скопје. Влезот е бесплатен.

Автор на текстот и режисер е Јован Ристовски, а претставата е работена според научните трудови на Карл Густав Јунг. Марија Стефановска игра млада сликарка која се соочува со свет во кој уметноста станува нарачка, производ и кич. Низ нејзината приказна Ристовски го поставува прашањето дали човек може да остане свој под политички, економски и општествени притисоци.

Наталија Ристеска ја игра Сенката на сликарката, а Марија Талеска настапува како Бабар/Мечкар, уште една сенка на главната хероина. Катерина Аневска е во улогата на Актерката, Никола Стефанов го игра Режисерот, а Маја Андоновска Илијевски е во улогата на Кустосот. Костимите се на Марта Дојчиновска.

Центарот за култура во Битола е партнер на продукцијата и обезбедува логистичка поддршка во соработка со Музејот во Битола. Претставата е поддржана преку проектот „Култура за развој“ на швајцарската влада, кој го спроведува Хартефакт фонд, како и од Германија преку Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.