Библиотекарката Даниела Ристевска разговараше со најмладите за книгите и за тоа зошто читањето е важно и забавно. Дружењето заврши со читање приказна, а од градинката го опишаа како средба исполнета со смеа и нови впечатоци.
За библиотеката имаше и подарок од „Бамби“: книги со посвета во која децата се претставуваат како идни првачиња. „Чувајте ја во библиотека, нека носи радост и смеа, а ние наскоро ќе дојдеме да ја прочитаме и неа!“, гласи дел од пораката што ја придружува подарената приказна.
Активноста ја реализираа директорката Биљана Талевска, воспитувачката Лилјана Каревска и негователката Елена Петкоска.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.