Фотографија од настанот · ООУ Гоце Делчев — Битола
Учениците разменија идеи и ставови за образованието и демократското делување.
ООУ „Гоце Делчев“ ја организираше дебатата по повод Денот на детето.
Детските парламенти од основните училишта од Битола дебатираа за современо образование и демократско делување. Младите говорници ги споделија своите идеи, ставови и визии на средба организирана од ООУ „Гоце Делчев“.
Дебатата беше организирана по повод Денот на детето, 20 ноември, со цел да се поттикнат соработката, почитта и разбирањето меѓу учесниците и да се слушне гласот на секое дете.
Од ООУ „Гоце Делчев“ порачаа дека детските идеи ја обликуваат иднината и дека кога децата зборуваат, треба внимателно да се слушаат.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.