Фотографија објавена на јавниот профил на Општина Битола
Игралиштата во ОУ „Гоце Делчев“ во Битола се осветлени од вчера вечерта.
Едното игралиште е за мал фудбал и ракомет, другото за кошарка.
Терените се оградени и опремени со спортски реквизити и урбана опрема.
Проектот чини 14.280.422 денари, со средства од вториот владин повик.
Двете новоизградени повеќенаменски игралишта во ОУ „Гоце Делчев“ во Битола се осветлени од вчера вечерта. Едното е за мал фудбал и ракомет, а другото за кошарка, соопшти Општина Битола.
Игралиштата се оградени и опремени со спортски реквизити и урбана опрема.
Вкупната вредност на проектот е 14.280.422 денари. Средствата се од вториот владин повик преку Министерството за образование и наука.
Општина Битола и Владата како цел на проектот наведуваат создавање современи услови за спорт и рекреација во образованието.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.