Стручната дискусија ги опфати превенцијата, дијагностицирањето и третманот на различни здравствени состојби, вклучувајќи го и машкото репродуктивно здравје. Во средиштето беше улогата на нутриционистите и институциите во превенцијата, нутритивната поддршка и подобрувањето на квалитетот на животот.
За карциномот на дојка се разговараше за современите пристапи во третманот и молекуларното следење по завршувањето на терапијата. Учесниците разменија стручни знаења, професионални искуства, добри практики и лични сведоштва, нагласувајќи ја важноста на превентивните здравствени политики и институционалната поддршка.
Во панелот учествуваа претставници од областа на исхраната, медицината, генетиката и управувањето со кризи, а дискусијата ја модерираше доц. д-р Кристина Јанкуловска Гацоска.
Настанот го организираше Технолошко-техничкиот факултет – Велес, во соработка со универзитетскиот КРЕДО центар, во рамките на Алијансата КОЛОРС. УКЛО ги посочи пренесувањето на научните сознанија во практиката, поголемата информираност и учеството во градењето поздрава заедница како насоки на ваквите иницијативи.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.