Фотографија објавена на јавниот профил на Студентски дом Кочо Рацин — Битола
Станарите во битолскиот дом избраа претставници во Советот на станари.
Избраните претставници треба да ги застапуваат потребите на станарската заедница.
Станарите во студентскиот дом „Кочо Рацин“ во Битола избраа претставници во Советот на станари. Нивната задача е да ги застапуваат гласовите и потребите на целата станарска заедница.
Гласањето се одржа на 11 ноември, во просторот на домот, каде што беа поставени гласачки кутии означени со букви и паравани.
Од домот го опишаа изборот како лекција по демократија и практичен пример за остварување на правото на глас.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.