За Дихово, покрај урбанистичкиот план, беше отворено и прашањето за канализација. Во Буковски ливади, граѓанските предлози се однесуваа на училиштето кое е во изградба и на влезот во населбата. Се разговараше и за просторот околу ФИКТ и за влезовите на Старата чаршија.
Општината петта година по ред организира вакви форумски сесии, преку кои граѓаните учествуваат во предлагањето решенија и утврдувањето приоритети за буџетот.
На сесијата, покрај жителите и граѓанските организации, присуствуваа претседателот на Советот Бојан Бојкоски, советници и раководители на одделенија во Општина Битола.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.