Работнички го победи Кожув со 83:80 и има шест победи во шест одиграни натпревари. Кожув водеше со 64:62 пред последната четвртина, а во завршницата резултатот беше 78:78. Роберт Рикиќ постигна 27 поени и имаше седум скока за Работнички.
МЗТ Скопје Аеродром го совлада Скопје со 79:60, обезбедувајќи ја победата во второто полувреме. Емир Крајиниќ беше најефикасен со 20 поени и осум скока.
Работнички има 12 бода на табелата, а МЗТ Скопје Аеродром 11. Шестото коло утре го комплетираат ТФТ Скопје и МКК Куманово.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.